Одржана последната седница на советот во овој состав

Експресно брзо усвоени точките од дневен ред. Поголемиот број се однесуваа на Извештаите за финансиското работење и годишните сметки на основните и средни училишта.

 |  Тања Кувенџиска  | 
vlez
влез

Експресно брзо усвоени точките од дневен ред. Поголемиот број се однесуваа на Извештаите за финансиското работење и годишните сметки на основните и средни училишта.

Во опуштена атмосфера и без долги расправи се одржа 64- та, последна седница на општина Охрид, во овој состав.

Со мнозинство гласови, советниците ги усвоија:  предлог- одлуката на Годишниот извештај и Завршната сметка на буџетот на општина Охрид за 2008, Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП Комуналец, како и извештаите за финансиското работење и Годишната сметка на основните и средните училишта во рамки на општина Охрид.

sovetСоветниците расправаа и за предлог- одлуката на завршната сметка- годишниот извештај за 2008 на МЈП Проаква- Струга. При тоа, советникот Ранко Велјаноски  побара дополнителна информација за зголемените трошоци, а намалените приходи во работењето на ова јавно претпријатие. Побара објаснување и за зголемувањето на бројот на  вработени во текот на 2008.

Одговор на поставените прашања даде актуелниот директор на МЈП Проаква, Бранко Трпчески. Како што тој потенцира: зголемувањето на бројот на вработени е направено поради новата систематизација во работењето, а согласно опретходно донесена одлука на советот. При тоа законските прописи биле испочитувани, рече Трпчески.Советниците со пофалба за работењето на, пред 8 месеци формираното, ЈП Билјанини извори. Советниците позитивно се изјаснаа и за: предлог- одлуката за отпис на застарените обврски, Програмата за работа на советот за 2009, Програмата за управување со отпад за 2009 и Планот за управување со отпад за наредните 4 години.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top