За еден месец во охрид издадени три одобренија за градење

Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

 |  Голабовски Крсте  | 
rabotnici

Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

rabotniciСпоред издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на октомври минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 187 (57,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13,8 проценти) од нискоградба и 94 (28,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 326-те објекти, на 202 (62 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 (38 проценти) објекти  инвеститори се деловни субјекти.  Во извештајниот период е предвидена изградба на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69.474 метри квадратни.

На подрачјето на Охрид во текот на месец октомври биле издадени 3, а во Струга 6 одобренија за градење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top