Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“.
Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Добитник на наградата е авторот.
Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен редник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА.
Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода, Земјата сама ќе се отвори, Ерусалим – богови и војни.
Подготвил и неколку публицистички книги, коавтор со Венко Андоновски на монографијата Зеницата на Македонија.
Превел книги од – Давид Албахари, Никола Милошевиќ, Вида Огненовиќ, Александар Тишма, Иван Аралица, Радослав Петковиќ, ЛарсСвендсен, Кнут Хамсун, СигридУндсет, Христо Силјанов, Кирил Кадијски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град