Задоволни купувачи, вработени, формула за успех. Денес во Охрид се отвори нов маркет МИСА во трговскиот комплекс на ул „7 ми Ноември“ во близина на автобуската станица. Конкуренцијата е здрава, и е основа за добар натпревар, нагласи Васко Миса управителот на МИСА маркетите. Додаде дека со добра работа успехот бил загарантиран, а довербата на потрошувачите е заслуга на конкурентните цени, квалитетните производи и љубезноста на вработените.
Компанијата Миса е фирма со имиџ и реномиран партнер на своите коминтенти. Денес во Охрид се отвори првиот маркет МИСА. Охриѓани добија уште еден голем маркет каде на едно место комплетно ќе се снабдат со сите потребни производи за домаќинството. Освојувањето на охридскиот пазар е нов предизвик за нас, но и исполнување на желбата на дел од нашите клиенти изјави Васко Миса, управителот на маркетот.
„Една од причините е таа што самите потрошувачи гледајќи ги нашите анализи доста охриѓани ги посетуваа нашите маркети во Струга после толку години се решивме да дојдеме и да се понудиме на пазарот ние и да понудиме на потрошувачите нешто што мислиме дека би го прифатиле“- изјави за ТВМ, Васко Миса, сопственик и управител на Миса.
Очигледно дека интересот на охриѓани барем според посетеноста која на отворањето ја регистрира нашата камера беше голем. Нивниот впечаток беше позитивен, а нивните очекувања, пониски цени.
„Убаво изгледа, средено е. Очекуваме нешто добро“-вели наша сограѓанка.
„Добро е. Убав, нов маркет. Да ги разгледам цените. Очекувам да се пробие на пазарот, мора да е конкурентен“-вели посетител на Миса.
„Секоја сабота одев Струга да пазарам во Миса. Сега конечно ќе има и во Охрид“
„Мислам дека е најдобар“
Со оглед на тоа дека во Охрид има повеќе големи маркети, управителот на Миса смета дека нема да биде лесно, но, убеден е деказа брзо време ќе успее да се пробие на охридскиот пазар и покрај останатите маркети.
„Конкуренцијата е здрава и основа за добар натпревар. Ние сме 100% сконцентрирани на работата заедно со нашите вработени и досега вработените во Миса го задржаа целиот притисок и во Струга успеваме и добро се носиме и мислам дека и во Охрид добро ќе функционираме и ќе работиме прво да се задоволни потрошувачите, вработените па потоа ние како сопственици на фирмата“-додава Васко Миса.
Покрај богатиот асортиман на производи, новиот МИСА маркет во Охрид има сопствено зелено пазарче со свежи производи, сопствена месара, но и кујна со готови јадења. Управителот вели дека планираат во Охрид да отворат уште еден или два маркети. Инаку седиштето на компанијата МИСА е во Струга каде повеќе од успешно работат неколку маркети. Фирмата постои 15 години и се занимава со трговија на големо и мало. Миса е најголем дистрибутер на производи за прехрана и хигиена во Струга и од него со роба се снабдуваат најголем дел од малопродажните колонијални продавници во Струга и околината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град