• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Со свечени академии синоќа беше одбележан патрониот празник на Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и на основното училиште „ Св. Климент Охридски“. И двете образовни институции се горди што се под закрилата на патронот на градот, но чуствуваат и голема одговорност со своите дела и успеси да го оправдаат неговото име.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото.

Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на оваа ветрометина повторно и повторно да се докажуваме  кои сме и што сме, а ние сме оние кои со знаење ги отвараме вратите ширум светот, рече Трпески.

На свеченоста беа присутни заменик градоначалникот Ангел Јанев, советници и гости а пред присутните се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во цивилизациските светски вредности, зошто благодарение на основачот на првиот сесловенски универзитет, првиот епископ на славната Охридската архиепископија, Свети Климент Охридски, токму од овој древен град почна ширењето на писменоста и културата во земјите на православието, рече во своето обраќање Коњаноска.

По повод одбележувањето на патрониот празник, свечена приредба одржа и основното училиште „ Св. Климент Охридски“. Со богата и разновидна програма која траеше повеќе од час и половина го основците од најниските па до највисоките одделенија кои беа дел од точките го задржаа вниманието на многубројната публика. Пред почетокот на програмата се одржа и продажна аукција на рачни изработки со новогодишна тематика, а собраните средства ќе бидат наменети за активностите во училиштето. Директорот Јордан Пуроски со задоволство зборуваше за успесите на оваа образовна институција и за нагорниот тренд по кој се движи училиштето.

Нашето училиште во континуитет бележи нагорна линија во својот развој. Тоа го постигнуваме со големо залагање и ентузијазам. Само оваа учебна година сме вклучени во реализацијата на 13 проекти со кои ќе се подобрат условите во училиштето. Учениците се задоволни бидејќи секој ден се ангажирани во нови активности, а тоа не прави поразлични и поуспешни од другите, рече директорот Пуроски.

На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев како и советници, директори на училишта и останати гости. На приредбата им беа доделени и наградите на најдобрите ученици во различни области како и на професорите кои покажале посебен успех.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top