Белвица има доволно, но намален е нејзиниот излов, поради повисоката температура на езерската вода за овој период од годината, велат од Пастрмка 2012 концесионер на Охридско Езеро. Претставникот Танас Танасоски, кажува дека сите заинтересирани лица кои сакаат на својата трпеза да ја имаат белвицата, можат да ја набават во нивните специјализирани продавници. Цената е 350 ден за килограм и засега нема да има нејзина промена.
Богат период на верски празници, а намален уловот на ендемичниот вид на риба, белвицата. Но, не постои простор за загриженост, дека белвица, ќе ја нема на трпезите, во деновите кога верниците ги одбележуваат посните слави, убедува претставникот на „Пастрмка 2012“ Танас Танасоски. Тој за ТВМ појасна дека намалениот улов на белвицата се должи поради тоа што температурата на водата не е падната, но информира дека целиот улов на белвицата се пласира во нивните специјализираните продавници за риба.
„Бидејќи овој месец е ден на постот доаѓа Св Ѓоргија, Св Никола, ќе гледаме да ги снабдиме сите заинтересирани лица кои сакаат да ја имаат оваа риба на трпезата. Во овој момент имаме три вида риби во помала количина кленот, мрената а поголем процент е застапена белвицата“.
Танасоски појаснува дека не постои опасност од исчезнување на белвицата, како што пред извесен период се појавија некои гласини. Тој вели, дека забележано било нејзино намалување во струшкиот дел на езерото, посебно во делот на Р Албанија, но во охридскиот дел ја имало доволно и нејзиниот број ќе се зголемувал. Таков проблем постои кај охридската пастрмка, која не се изловува туку се заштитува, додава Танасоски. Тој вели дека биле во подготовка за големиот вештачки мрест кој треба да се изведе за охридската пастрмка.
„Ангажманот е многу поголем, во однос на физичката заштита на рибата, бидејќи тогаш се ангажирани сите вработени околу нејзино чување со цел да ја вратиме охридската пастрмка еднаш засекогаш во Охридскот Езеро. Тоа е можно само со добра заштита.
Танасоски ја потецираше добрата соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но не и соработката со правосудните органи при решавањето на пријавите за рибокрадство. Вели, во секое време имале волја да ја подобрат таа соработка, бидејќи интересот не е едностран туку многу поголем, со оглед дека се работи за Охридското Езеро. Инаку за пофалба е што намалена е појавата на рибокрадство, а тоа се должи на големата заштита на Охридското Езеро од страна на концесионерот „Пастрмка 2012“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град