Американскиот скијач Боде Милер реши до крајот на ова сезона да не се појави во ниту една трка затоа што по светскиот шампионат во Вал д Исер потфрли и на трките од Светскиот Куп во Сестриере и Крањска Гора.

„Моментално други работи ме интересираат повеќе од Светскиот Куп„ изјави 31 годишниот Милер. До крајот на Светскиот Куп останаа само трките во Квитјфел Норвешка и финалето во Аере, Шведска.
Од Скијачката Федерација на Америка доаѓаат гласини дека оваa одлука на Милер може да значи и крај на кариерата на најуспешниот скијач на САД.
Два пати освојувач на Светскиот Куп, Милер пред почетокот на сезонава имаше големи очекувања но кога веќе не успеа да ги задоволи амбициите оваа одлука е најлогичното решение.
Американецот ова сезона не успеа да освоји ниту една победа во ниту една трка од Светскиот Куп, а во генералниот пласман се наоѓа на 8-то место. Тој досега победил во 31 трка во Светскиот Куп, а генерален победник на трките беше во 2005 и 2008-та година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град