Незадоволни од измените на Законот за судска служба тие сметаат дека ги исцрпиле сите институционални активности за решавање на нивното прашање.
Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на судските службеници.
“Штрајкот се однесува на измените на Законот за судска служба, како што здружението цело време истакнуваше дека не е задоволно од законските одредби кои што се имплементирани во овој закон. Се обидуваме веќе подолг временски период преку институциите на системот да дојдеме до измени, до постапка за измени на овој закон, меѓутоа досега тие наши напори не вложиле со плод, и ова е уште еден чекор понатака во нашите цели и остварувањето на она што сме го зацртале околу измените на овој закон.”-вели претседателот на Здружението на судска администрација на Република Македонија, Борче Мирчески.
Мирчески вели дека денешниот штрајк кој траеше само два часа има за цел да ја истакне нивната подготвеност да се борат за измени во Законот за судска служба, но во исто време давајќи разумен рок од недела дена за Владата да се произнесе по однос на нивните барања. Додава дека скоро во сите судови низ земјава излезеноста на судските службеници достигнува околу деведесеттина проценти и покрај тоа што според него се соочиле со притисоци како штрајкот не би се одржал.
“Опструкциите беа пред штрајкот, и притисоците, најчесто од некои претседатели на судови, меѓутоа во овој момент онаму каде што беа притисоците малку поголеми и излезеноста е помала, значи осетен е притисокот на претседателите на судовите, меѓутоа за среќа не влијаеше многу на нашата излезност кај вработените. Искрено ние очекувавме дека излезеноста ќе биде некаде околу седумдесетина посто, кога ги правевме сите овие ангажмани, и сега сме охрабрени што таа излезност е некаде околу деведесет посто.”-рече Мирчески.
Според податоците на Здружението на судска администрација на Република Македонија, во државава постојат околу 2000 судски службеници кои на денешниот штрајк добија поддршка и од дел од судиите од земјава. Инаку Здружението на судска администрација како легитимен претставник на вработените во судската служба уште во март минатата година започна иницијатива за менување на донесениот Закон и притоа изработи свој законски текст со свои законски решенија, но и со сопствени средства и кадар, вклучително и со добиената финансиска помош од проектот за јакнење на судството наУСАИД. Таквиот текст бил доставен до Министерството за правда и било побарано истиот да биде разгледан. Со оглед на тоа што досега немаат добиено никаков одговор, од Здружението се одлучиле за вакви порадикални мерки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град