Денеска на 4-ти декември во периодот од 12.00-13.30 часот, на крстосница од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ ќе се одржи симулациона вежба за подигнување на степенот на подготовка при кризни состојби во Охрид. Според најавите, ќе биде симулирана голема сообраќајна несреќа со поголем број повредени со изгореници.

Организатори на симулационата вежба се: Министерство за здравство на РМ и Светска здравствена организација – канцеларија Скопје (СЗО), а учесници ќе бидат Итната медицинска помош при Здравствен Дом-Охрид; Општа Болница-Охрид; Црвен Крст од Охрид, Противпожарна служба-Територијална противпожарна единица-Охрид; СВР Охрид;ЦУК РЦУК-Охрид;ДЗС – ПО Охрид и општина Охрид.
-Заради важноста од превенција, редукција, како и правилно и навремено справување со потенцијалните ризици од природно и антропогено потекло по здравјето на изложеното население и здобиените знаења и искуства преку СЗО и од здравствените системи на други земји во светот, се наметна потребата од проверка на интегралниот систем за подготовка и одговор на здравствениот систем на Република Македонија при вонредни/кризни состојби, а особено на евалуација преку симулациони вежби на Планот за подготовка и одговор на здравствениот систем при вонредни/кризни состојби во Република Македонија и Болничките планови со стандардни оперативни процедури при масовни несреќи од различно потекло, информираат од службата за Итна медицинска помош од Охрид.
Симулационата вежба произлегува од договорот за соработка помеѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација како дел од приоритетот: Здравствена безбедност, одговор и подготовка при кризни состојби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град