По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот.
Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга, Здружението Добротољубие 2014 при црквата Св. Ѓорѓија од Охрид, Дневниот Центар Зраци од Охрид, Посебната Паралелна од ООУ Браќа Миладиновци од Струга и Посебните Паралелки од ООУ Св. Климент Охридски од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град