Од СДСМ најавуваат позитивна кампања

„Во мојата позитивна кампања ќе зборувам само за резултатите што сум ги направил“, рече Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

 

 Во мојата позитивна кампања ќе зборувам само за резултатите што сум ги направил“, рече Александар Петрески.

„Како што изминативе четири години работев, секогаш меѓу граѓаните, така и оваа кампања ја започнав, меѓу граѓаните, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески на денешната пресс конференција.

На овие средби раговаравме за она што е направено и она што ќе го правиме. Досегашното искуство на граѓаните покажува дека се што сум ветил, сум исполнил, вели Петрески. Ветив дека мојата кампања ќе биде позитивна, поради тоа досега на ниту една средба немам ништо кажано против мојот протов кандидат, Од друга страна, во својата кампања моите опненти водат кампања, во која зборуваат против мене, затоа што немаат со што да се пофалат рече кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Она што е направено во овие 4 години сите грдоначалници од ВМРО ДПМНЕ не го имаат направено. Оние долгови што јас као градоначалник ги вратив, сите градоначалници на ДПМНЕ заедно не ги имаа вратено. Она што е направено, никој не може да го негира. Неможат ни тие.

„Ме обвинуваат дека повеќе сум градел на периферијата, отколку во центарот. На тоа ќе им одговорам кратко,рече Петрески „За мене сите граѓани се исти“.  Ме обвинуваат и дека немам направено капителни инвестиции. На јавноста сакам да и појаснам дека за тоа е задолжена владата. Каде е хотелот Хилтон инвестиција од 30 милиони евра, во кој требаше да се вработат 200 Охриѓани.

pres konferencija„Пред три годени се донесени урбанистичките планови, каде се ветените капитални инвестиции. Што е хотелот Хилтон, што е со детатката болница каде требаше да се градат два хотели.И тие урбанистички планови се донесени пред три години. Јас знам кој ќе гради хотели таму, еден од ние е кандидат за претседател. И за на местото на здравствениот дом се знае кој ќе гради. Тоа е човек со висока функција во ОК на ВМРО ДПМНЕ.“

Најавуваат, дека во Охрид ќе отворале универзитет. Зошто тоа го кажуваат сега. Зошто ова не го најавија во месец мај, се запрашува Петрески. Новинарите од Петрески побараа комантар за оджаниот митинг на ВМРО ДПМНЕ.

„150 илјади евра за автобусите, 50 илјади евра за огнометот… неколку стотина илјади евра беа потрошени за митингот. Се однесуваат како во македонија да тече мед и млеко, тече ама по улиците.“

Не треба министрите да шетаат по селата во Охрид, кога Грчките министри шетаат по светот и лобираат за името, во Охрид и околината програмата треба да си ја претставува нивниот кандидат за градоначалник, ако знае како, рече на крајот на пресс конференцијата кандидат за градоначалник од СДСМ Александар Петрески. Успешна кампања,  победа на изборите и божја заштина на Петрески му посака Пеце Трајановски, кој на крајот од пресс конференцијата дојде и на кандидатот за градоначалник му врачи икона од Св. Богородица.  Петрески верува дека молитвата и овојпат ќе му помогне, затоа што минатите избори истиот човек му врачил икона од Св Климнет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top