Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша за најстар жител во општина Охрид и Дебрца и брачен кој најдолго е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец, а брачниот пар кој победи на овој конкурс е со 66 годишен стаж и е од Дебрца. Нивните имиња ќе се обелоденат на утрешната манифестација која ќе се одржи по повод Неделата за грижа за стрите лица.
Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со со најдолг брачен стаж. Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша на почетокот на ноември, а беше дел од одбележувањето на Неделата посветена на старите лица. На конкурсот се пријавиле пет кандидати за најстар жител и пет за брачен пар кој најмногу години е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец чие име денес не беше обелоденето бидејќи тоа ќе биде направено на утрешната манифестација која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Брачниот пар кој победи на овој конкурс е со 66 годишен стаж и е од Дебрца.
Целата поента на овој настан е да укажеме посебно внимание на старите лица да се грижиме за нив, да ги почитуваме и да ги анимираме. На утрешната манифестација присуството на секој наш сограѓанин ќе значи грижа и внимание за старите лица. Влезот е бесплатен, а настанот започнува во 18 часот, вели Сашо Точков -претседателот на ЦК Охрид.
Манифестацијата која е под името „За сончева есен во животот“ ќе биде збогатена со културно уметничка програма. Ќе има од се по нешто, глума, песни, хумор. Учество ќе земат и помлади, но и постари уметници.
Тоа ќе биде едно дружење и посебно доживување и за присутните и за изведувачите. Наградените ќе бидат максимално испочитувани, па ги покануваме сите сограѓани да не го пропуштаат овој настан кој не засега сите нас, бидејќи и оние што денес се млади еден ден ќе остарат, вели Весна Терзиоска- потпретседателка на ЦК Охрид.
Во рамките на Неделата за грижа на стари лица, во понеделник, Црвен крст организира бесплатни здравствени прегледи. Со свое возило и со лекарски екипи од Скопје ќе ги посетат старите и изнемоштени лица во Дебрца, а ќе има пунктови каде ќе се прегледува и во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град