ВМРО ДПМНЕ го обвинува Петрески

О.К на ВМРО ДПМНЕ го прозва градоначалникот да одговори на неколку прашања.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

На денешната пресс конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ го прозва градоначалникот Алкесандар Петрески да одговори на неколку прашања.
Кога пред 4 години влезе во политичката трка да ја бара поддршката на граѓаните на Охрид, Александар Петрески ја бараше врз основа на изборна програма наречена „Секој ден поблиску до целта“. Сега, 4 години подоцна, самиот за себе постојано повторува дека „исполнил повеќе од што ветил“, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ЈОванчо Секуловски.

На кој начин петрески го исполни сопственото ветивање за „времен мораториум за грдба во централното подрачје“. Дали терминот „времен“ за петрески го означува времето од прогласувањето на неговата т.н. „победа“ до првата седница на неговиот Совет кој веднаш ја донесе одлуката за т.н. „дислокација на грдската автобуска станица“ и изгрдабата на стамбени згради на нејзино место? Дали под „исполнување “ Петрески подразбира исполнување на сите возможни и навозможни атрактивни локлции со стамбени згради?

На кој начин Петрески го исполни сопственото ветување  „ограничување на катноста на зградите во централното градско подрачје“, се запрашуваат од Ок на ВМРО ДПМНЕ. На кој начин Петрески го исполни сопственото ветување за „супституција на станбената градба со градба на деловни, туристички и јавни објекти“? Дали тој или неговиот тим можат да ни кажат кој е соодносот на станбените објекти и сите други во времето на неговото владеење, вели Секуловски.

vlez gradНа кој начин Петрески го исполни сопственото ветување за „демонополизација на комуналната дејност“? дАли под демонополизација“ петерски го подразбира тоа што и во „комуналац“ и во „проаква“ не се знае „кој пие а кој плаќа“, не се знае дали се 2 или 3 претпријатија, кој управува со нив, дали за вработените ќе стигнат навреме и сл.

Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ побара од Петрески подетален коментар за неговата изјава во еден од дневните весници, во кој зборува за  „Градиште и Трпејца – идеални места за нудистичка плажа.

Последното прашање се однесува на една нова визија на Александар Петрески. На 20-ти февруари оваа година во еден дневен весник Петрески истакна дека за него „високиот туризам подразбира хотели со повеќе ѕвезди, убави плажи, казина“, и замислете „јавни куќи “. Дали Петрески и неговата партија СДСМ го гледаат нашиот бисер и „вториот Ерусалим“ како балкански центар на проституција? Дали тој што требаше да биде „татко на градот” им посакува на ќерките на градот, или на некои други македонски ќерки, иднината да си ја бараат во проституцијата? Дали самонаречениот „успешен менаџер“ се гледа како иден менаџер на бордел, пошто далеку од умот е дека на Охрид му треба ваков менаџер со вакви „визии” за градот кој што сака уште 4 години да го води?

На крајот од пресс конференцијата Јованчо Секуловски прикажа фотографии од таблата  „добредојдовте во Охрид“ , на која од денес има плакати на Петрески, какао кандидат за градоначалник. Дали таблата која што е поставена од Општината е „пренаменета“ во рекламен билборд? Дали Петрески ја купил со свој пари? Дали Петрески од свој џеб ја плаќа и официјалната интеренет страница на Општината која немилосрдно ја користи во изборни цели, рече Јованчо Секуловски – портпарол на ОК На ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top