Свикана 48-та седница на Советот на Општина Охрид

На 3-ти декември, четврток свикано е 48-то издание на седницата на Советот на Општина Охрид со почеток во 11 часот.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica

sednicaСоветниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за  утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година.

На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Охрид.

Почетокот на ова издание на седницата е закажан за 11 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top