Формирање мали еко заедници за враќање на младите во селските средини

Големата невработеност и високите цени на производите, според нив упатуваат на тоа дека вистинскиот излез од тешката ситуација лежи токму во земјоделието и во селските средини.

 |  Мишел Наумоски  | 
domati

Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите генерации станува се пореален последниве години кога станува се поактуелно прашањето за формирање на мали еко заедници по принципот на пермакултура. Овој начин на паметен дизајн на заедницата, според Димитар Ставрески кој е член на пермакултурното движење во Македонија е иднината кон која треба да се движиме ако сакаме да и се вратиме на природата. 

plantazi“Се дружам во такви друштва и гледам дека во нив има голем ентузијазам на младите да се вратат, но мора да го споменеме и социјалниот фактор. Доколку само јас би се вратил на село би имал проблем и од социјален аспект бидејќи само старите се некако останати по селата, младите се во градот. Така да мислам дека баш овие еко-заедници кои што младите се обидуваат да ги направат и се ентузијасти за тоа мислам дека баш би го покриле и тој елемент бидејќи би се населиле повеќе фамилии, повеќе младина би се населила и би се тргнал и социјалниот проблем.”-вели Ставрески. 

Охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски вели дека постои надеж дека ќе дојде до конечно враќање на човекот кон земјоделието бидејќи според него Македонија е аграрна земја и така треба да го темели својот развој.  Ова според него е особено важно за младите кои според него веќе урбаниот живот полека ја губи смислата. Додава дека оној кој не живее на село, не може да го почувствува животот.

plastenicko proizvodstvo“Последните 20 години се занимавам исклучиво со земјоделие и пред се чувствувам и многу љубов кон природата, а и свесни сме, рече и помладиот соговорник, младите не само поради егзистенција и што имаат неможност за работа тука туку на дел од младите им смета урбаниот живот. На секој нормален човек му смета, а и во секој случај овде во охридскиот регион нашите села се блиску и да не живеете во селото, денес имате превозни средства, да обработувате земја, може да сте некаде и вработени, но дел од денот да го поминете и во природа, на својата нива, ако не за продажба, барем за свои потреби ќе си произведете и што е најважно знаете што јадете, свое производство.”-рече Стојаноски. 

Според Стојаноски, треба да започне да се менува сликата кај младите за тоа што претставува земјоделството бидејќи сега истото е многу пософистицирано, употребува многу напредни технологии и бара многу помалку труд отколку во минатото. Ставрески пак кој е дипломиран програмер, вели дека не е точно тоа дека не може да се комбинира животот на село и земјоделието со она што младите го работат како професија. Додава дека голем дел од неговите колеги го практикуваат или планираат да го практикуваат токму тој начин на живот кога прават пауза од компјутерот и работната маса со прошетка во природа или со малку активности во сопствената нива.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top