Ваква одлука донеле откако од ВМРО ДПМНЕ не го прифатиле нивниот предлог за заеднички настап со единствена листа и кандат за градоначалник.
Ваква одлука донеле откако од ВМРО ДПМНЕ не го прифатиле нивниот предлог за заеднички настап со единствена листа и кандат за градоначалник.
Општинската организација на СДСМ од Струга, за претстојните избори ќе го подржи кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Фијат Цаноски. Денес партијата официјално ја потврди информацијата.
„Со ВМРО ДПМНЕ преговаравме веќе две недели и не најдовме заедничко решение. Се одлучивме да го подржиме Цаноски бидејќи е угледен граѓанин на Струга. Со отварањето на универзитетот, градот е издигнат на повисоко просветно и духовно ниво, затоа решивме да застанеме зад овој кандидат“-истакна Александар Попоски, носител на листа СДСМ.
Бидејќи не беше прифатен предлогот од ВМРО ДПМНЕ за единствена листа и кандидат за градоначалник, ние продолживме со другите политички партии, беше истакнато на денешната пресс конференсија. СДСМ му ја дава подршката на Цаноски бидејќи е угледен граѓанин, но сакаме и со нашите гласови да им помогнеме и на македонските муслимани, истакана Попоски.
„Една од важните аргументи е да се подржат македонските муслимани во општината во амбициите да дадат свој градоначалник, незаборавајќи ја нивната постојана подршка за наши кандидати без разлика на политичката припадност“-истакна Попоски.
Ние ги користиме западните искуства каде за градоначалник се избира лицност која се докажал во развој на бизнисот и целокупните креативни способности. Токму таков кандидат за градоначалник е фијат Цаноски, затоа целосно му ја даваме нашата подршка, истакнаа од СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град