Во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица, која трае од 23-ти до 29-ти ноември Црвен крст Охрид организира повеќе активности насочени, пред се, кон подигање на свеста кај населението во заедницата за правата на старите лица како и потребната грижа и помош која секој може и треба да ја пружа на старите лица.

Во текот на Неделата на грижа за стари лица, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ги посетат старите и изнемоштени лица во нивните домови, а тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе вршат и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Во соработка со Клиничкиот центар во Скопје, Здружението Мозочен удар од Охрид и претставништвото на Фармацевтската куќа Баер во Македонија, тим на стручни лица (кардиолог, невролог) ќе вршат бесплатни прегледи во домовите на старите лица во поодалечените рурални средина, како и на јавни места во Охрид.
Младите на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали за грижа и нега на стари лица. Во текот на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид ќе организира едукативни предавања за пензионерите од Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца на теми корисни за правилно одржување на психофизичката и здравствена состојба. Како главен настан предвидено е да биде организирана пригодна свеченост на која во дружење и забава на младите со старите лица, ќе бидат прогласени најстариот жител и брачниот пар со најповеќе години поминати во брак во општините Охрид и Дебарца, пријавени на конкурсот објавен од Црвен крст Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град