„Охридски комуналец“ го чисти брегот

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид,  службите на Охридски Комуналец беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден.

 |  Голабовски Крсте  | 
kej

kejПосле невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид,  службите на Охридски Комуналец беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден.

Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред х.Палас.

Во текот на вчерашниот ден се расчисти пристаништето, а денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м кубни отпад.
Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите јавни површини во централното градско подрачје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top