Добар „улов“ на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

 |  Голабовски Крсте  | 
mrezi

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

mrezaАкциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Франгово, поставени на брегот, информираат од СВР Охрид

-На околу еден километар од брегот во близина на населбата Калишта, во нелегален риболов затекнат е еден жител од Калишта, кој забележувајќи ја патролата се обидел да побегне. Од неговиот чамец одземен е улов од риба- белвица и пастрмка како и друга рибарска опрема. – се вели во соопштението.

Во водите на Охридското езеро, во истиот реон, езерската патрола пронашла и висечки рибарски мрежи кои се најстрого забранети за користење и риболов.

За пронајдените риби и рибарска опрема, запознат е Јавниот обвинител и изготвен е записник. Со потврда, целокупната количина риба и другите предмети се одземени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top