Македонскиот премиер Никола Груевски денеска напладне ќе има работна средба со претседателот на УЕФА Мишел Платини.
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска напладне ќе има работна средба со претседателот на УЕФА Мишел Платини.
На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за инвестирањето во фудбалската инфраструктура, како и за проблемите што се јавуваат во врска со даноците што Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) ги плаќа за донациите од УЕФА.
Се очекува првиот човек на УЕФА да побара од Груевски државата да инвестира во фудбалот во Македонија, било преку директни инвестиции, или со донесување на соодветни закони.
Според најавата, Платини ќе го посети и стадионот „Филип Втори“ во Скопје, за одблизу да се запознае со капацитетите на најголемиот фудбалски храм во Македонија, кој во моментот е во фаза на изградба на нова северна трибина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град