Советнички прашања беше единствената точка на дневен ред на 47 седница на Советот на општина Охрид. Беа поставени повеќе прашања за реализацијата на тековните и идните активности на Локалната самоуправа, поврзани пред се со проектите од комуналната сфера, урбанизмот, капиталните инвестиции и другите јавни дејности.
Охридските советници прашуваа, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески одговараа. Денес се одржа 47 седница на Советот на општина Охрид со единствена точка на дневен ред, советнички прашања. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината. Тие се однесуваа на проектите од патната и комуналната инфраструктура, но имаше прашања и со политички примеси. Советникот од редовите на СДСМ Јован Стојаноски праша, кога може да очекуваме гасификација во Охрид како и тоа до каде е изградбата на фудбалското игралиште во село Лескоец.
„15 деца се шампиони во теквондо од село Лескоец ниту еден од нив не е финансиран од општинава и да дојдам до прашањето кое е: Кога ќе биде изградено фудбалскот игралиште во село Лескоец или ако ништо друго одговорете ни кога овој комунален отпад ќе биде отстранет од тоа фудбалско игралиште кое што е тешка ругоба во овој момент во село Лескоец“ – праша Стојаноски.
Градоначалникот Бакрачески со одговор, мојот принцип на работа е прецизни податоци и факти. Тој потенцираше дека оваа Локална самоуправа работи законито, транспарентно и отчетно и дека резултатите од таквата работа ги чуствуваат сите граѓани на општина Охрид.
„На тоа игралиште ако добро ги пратите нашите активности а не повремено само со фотографии, значи ние уште на почетокот на минатата година изведувавме градежни работи, односно го рушевем ридот којшто се наоѓаше во непосредна близина на игралиштето со цел да се прошири игралиштето по стандарди, беше целосно со механизација транспортирана земјата која беше извадена од ископот на тој рид и сето тоа значеше подготвителни работи“.
Независниот советник Љупчо Настоски постави прашања од урбаната сфера на кои му одговори секретарот на општината Димитар Спасески.
„До каде е ДУП за Урбана заедница 6 урбан блок 6,1, опфат 2 „Даме Груев“, овој план се спрема веќе 6 години и до ден денес не знаеме до каде е. До каде е ДУП за Бејбунар, и изградбата на патниот правец Јордан Мијалков кој излегува кај 110“
Изјава – Димитар Спасески – секретар на општина Охрид
„Во однос на планот Бејбунар знаете дека тој план е укинат со одлука на Уставниот Суд од она што сум информиран од рамки на Секторот за урбанизам и од она што го извести градоначалникот на последниот колегиум, за овој план веќе отпочна консултативен процес за носење на овој план, имаше два состаноци во Министерството за транспорт и врски, договорен е определен акционен план по кој ќе се постапува и потоа ќе се пристапи кон изработка на самата документација исто така тој план ја таргетира и условува практично евентуалната изградба на ули8цата која поминува низ тој комплекс“
Прашање за автобуската станица постави советникот Јоне Станкоски од ВМРО – НП.
Градоначалникот Бакрачески, со одговор дека автобуската станица ќе се гради и дека нема откажување од страна на инвеститорот за изградба на истата.
„Инвеститорот има обврска за период не подолг од една година од солемнизација на договорот да прибави одобрение за градба и има обврска за не подолго од 2-4 години да ја изгради автобуската станица“
Советничката од редовите на СДСМ Оливија Пирузева Јанева ја интересираше за оправданоста од изградбата на кружните текови во градов, на што и одговори првиот човек на градот Бакрачески.
„Три години поминаа откако сте на власт и ветувате изработка на сообраќајна студија која и за оваа година беше во програмата за изработка некаде 1, 500 000 беа издвоени за изградба на сообраќајна студија, факт е дека сеуште не е изработена. Имено во врска со кружните текови посебно со оној кај Охридска банка се прашувам дали е градежен или сообраќаен Дали можете да гарантирате безбедност на пешаците врз основа на изработена сообраќајна студија за овој проект“
„Општина Охрид пред година и пол изработи техничка спецификација за изработка на сообраќајна студија и беше објавен јавен оглас на кој што за жал не се пријави ниедна релевантна институција. Сообраќајната студија и не е законска обврска за да се изработи сообраќаен проект. Вие ме прашавте дали проектот е сообраќаен или градежен, јас ќе ви кажам дека е сообраќаен и градежен и се разбира за да пристапиме кон еден проект и да издадеме дозвола градба треба да вклучиуме редица на институции секој во својата надлежност кој што треба да дадат согласност на тој проект“
Градоначалникот Бакрачески одговараше на низа други прашања од советниците. На дел од прашањата треба да се одговори во писмена форма
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град