Дали конечно ќе се реши горливиот проблем на охриѓани со паркирањето во градов? Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор најавија проект за изградба на две катни гаражи во центарот на градот, со капацитет за околу 600 возила.
Две катни гаражи треба да никнат во Охрид. Според најавите на првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, отпочнувањето со реализацијата на овој капитален проект треба да се случи на почеткот од 2016 год. Очекуваме да изнајдеме заеднички јазик со нашите сограѓани, вели Грозданов.
„Се тоа зависи од експропријацијата и од обесштетувањето на граѓаните којшто имаат имот таму и дооформувањето на оваа парцела. Поточно, ќе имаме проектирање, но и тендер, јавна набавка и доколку биде успешен јас се надевам дека ќе отпочнеме со градба. Но и да видиме дали нашите сограѓани ќе излезат во пресрет поточно ќе најдеме заеднички јазик да не одиме по судови за експропријацијата на земјиштето , туку да се договориме околу реалната пазарна цена“ – вели Грозданов.
Со реализација на овој проект АД ќе остварува дополнителни приходи и рентабилно ќе работи, вели Грозданов, но, според него, најбитно од се е што ќе се реши хаосот околу паркирањето кој се случува во Охрид, посебно во летниот период. Грозданов ги обелодени и локациите каде треба да се изградат катните гаражи.
„Првата катна гаража која ќе отпочнеме да ја градиме и тоа е веќе дефинирано ќе биде зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг кој што во дадениов момент се наоѓа, значи тука имаме можност да дооформиме одредена парцела одредена градежна маркица ќе биде чисто градба на паркинг простор нема да има деловен простор, додека втората се наоѓа малку погоре доколку имаме можност кај Депандансот би ја изградиле втората гаража “ – изјави директорот.
Според Грозданов, дел од улицата Кеј Македонија, од кружното накај хотел Палас, па се до Билјанини Извори, би се претворил во едно современо шеталиште уредено по светски стандарди со патека за ролери, велосипеди, пешачка патека и друго, а дел од оваа улица би била едносмерна, од која возилата ќе имаат можност за влез и паркирање во катната гаража.
Од Локалната велат дека неколку пати разговарале со директорот Грозданов околу можните најдобри локации за изградба на катни гаражи во градов, при што биле вклучени и стручните служби од Секторот за урбанизам при општина Охрид. Би можело да се очекува дека една од тие локации како најповолна би била сегашниот паркинг простор позади хотелот „Ревиера“, којшто понатака со измени на постоечкиот ДУП, на кои веќе се работи, ќе биде одредена која е најдобрата и најбрза постапка за носење на било каква урбанистичко-планска документација со којашто ќе се овозможи дефинирање на намена за катна гаража. Додека пак во однос на втората локација кај студенскиот дом „Никола Карев“, со постоечкиот ДУП не била предвидена катна гаража.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град