Гладијаторите го совладаа и Вардар јуниор

Охридските ракометари синоќа остварија победа  над еден од директните ривали за плејофот. Во салата „Биљанини извори“ тие ја совлаадаа екипата на „Вардар јуниор“ со 23-18.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakomet

Охридските ракометари синоќа остварија победа  над еден од директните ривали за плејофот. Во салата „Биљанини извори“ тие ја совлаадаа екипата на „Вардар јуниор“ со 23-18.

rakometНови три бодови за охридските гладијатори на табелата на Супер лигата. Тие синоќа во СРЦ „Биљанини извори“ во дербито во деветтата рунда го совладаа Вардар Јуниор со 23-18 (11-9).
Избраниците на Горан Андоновски имаа целосна контрола на играта и победата над еден од директните ривали за плејофот е сосема заслужена.

Охриѓани само во вториот дел имаа неколку минутна криза во играта, кога гостите успеаја да изедначат а потоа и да го преземат водството. Но, со помошта на „Рибарите“ кои ја подигнаа атмосферата, секако с подршката и од останатата публика, „гладијаторите“ како во транс одиграа 3-4 напади и го презедоа кормилото во натпреварот.

После овој преврат вардарци психолошки паднаа,а охридските ракометари продолжија со фантастичната игра за седма победа во девет натпревари во Супер лигата.  Со синоќешната победа охридските ракометари го зачуваа вицешампионското место во есенската полусезона  и на најдобар можен начин го најавија дуелот со Работнички в сабота во 19 часот.

Најефикасни во синоќешниот натпревар против „Вардар Јуниор беа Костески, Колев 14 (одбрани),  потоа Павловиќ 8, Андоновски, Кежиќ со 6 погодоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top