Демо Илбер доби клуч од социјален стан

Солзи радосници ја заменија тагата на Демо Илбер, кој денес доби клуч на рака од социјален стан.

 |  Голабовски Крсте  | 
klic

kluchДемо Илбер денес доби клуч на рака од стан во социјалната зграда во Охрид. Со тоа е решено  станбеното прашање на десетчленото семејство. Илбер пред нецел месец  на нашиот медиум јавно ја сподели неговата животна сторија, како во дрвена барака живее во супстандардни услови, која требеше во рок од осум дена да ја напушти. Денес тагата на Демо заменета е со слози радосници.

 „За мене овој стан, е како повторно да се родив, пред се заради децава, овие услови верувам дека ќе се многу подобри за моите деца. Децата често ми се разболуваа во бараката секој месец одев во Скопје таму примаа крв едно дете имам што не гледа и постојано се удираше во главата“ вели Илбер.

klucСтравувавме дека може да се случи некоја несреќа, во бараката и условите во кои живееше Илбер, и не можев да ја прифатам одговорноста како институција ако нешто не дај Боже се случи тука, истакна извршниот директор на Акционерското друштво за станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

 „Од нашата институција беше поднесено барање за навремено иселување од овој објект на ова семејство како не би дошло до тие несакани причини. По поставувањето на прашањето на Демо“ објасни Грозданов.

Демо Илбер доби двособен стан околу 45 метри квадратни простор. За него ќе треба да плаќа закупнина во износ од 760 денари месечна кирија. Грозданов истакна дека и во иднина ќе се залага сите граѓани во Охрид без оглед на етникумот и верата да бидат згрижени во нормални услови за живеење, бидејќи тоа му доликува на едно елитно туристичко место. Следува изнаоѓање начини и можности за згрижување на уште неколку семејства од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top