До крајов на неделава ќе се санира улицата Сатеска

Граѓаните од улицата Сатеска бараат да се санираат прекопите кои се наоѓаат на самиот коловоз. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици објаснуваат дека до крајот на неделава улицата ќе биде доведена во првобитна состојба.

 |  Голабовски Крсте  | 

За да се вози по улицата Сатеска треба голема умешност. Граѓаните се жалат дека ги искршиле своите автомобили поради прекопите кои се наоѓаат на самиот коловоз и кои е многу тешко да се избегнат. Ваквата состојба е од пролетта, кога на улицата се вршеле зафати за поставување атмосферска канализација. Овој проблем, кој ги тангира жителите од урбаната заедница Воска, на последната седница на советот на општина Охрид го истакна и советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска.sateska

Во име на граѓаните од оваа урбана заедница апелирам што побрзо улицата да се доведе во нејзината првобитна состојба бидејќи зимава ќе биде уште потешко да се вози во вакви услови, кажа Дамоска.

Од Секторот за Комунални дејности, сообраќај и улици велат дека се запознаени со овој проблем. Објаснуваат дека сеуште е во тек поставувањето нова атмосферска канализација на повеќе улици од оваа урбана заедница. Работите на улицата Сатеска се завршени, така што таа треба да биде асфалтирана.

Тука станува збор за прекоп кој го правеа јавните претпријатија, ЕВН и кабелските оператори. Тие се должни улицата да си ја доведат во првобитна состојба. Во договорот стои дека тоа треба да биде завршено до крајот на оваа недела. Доколку тоа не се случи ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески, од Секторот за комунални дејности и сообраќај.

Танески објаснува дека улицата ќе биде асфалтирана на оној дел каде се вршеа зафатите, односно ќе бидат санирани прекопите, за да може нормално да се одвива сообраќајот. За нејзино целосно асфалтирање ќе се чека да помине зимата и со подобрување на временските услови ќе се пристапи кон реализација на истата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top