Стружанецот проф. д-р Сашо Џероски избран за член на МАНУ надвор од работниот состав

Тој денес во Македонската академија на науките и уметностите одржа пристапно предавање на тема „До научни сознанија со машинско учење“.

 |  Голабовски Крсте  | 
saso dzeroski

saso dzeroskiПроф.д-р  Џероски работи како професор на Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, а зад себе има повеќе од 25 години научно-истражувачка работа со пионерски придонеси кон светската информатика, обемен и квалитетен опус на публикации, кој содржи повеќе од 400 научни трудови и  Огромен углед во меѓународната научна заедница. Огромно е неговото влијание во оформувањето на младите научници и нивен развој во врвни истражувачи. Вкупно 18 млади доктори на науки ги изработиле и одбраниле своите тези под негово
 менторство, а од нив 15 се Македонци.

Исто така значаен е неговиот придонес кон развојот на македонската наука и нејзиниот углед преку соработка со македонски научници и институции, нивно воведување во актуелни истражувачки подрачја и вклучување во меѓународната научна заедница.

Проф.д-р  Џероски во Македонската академија на науките и уметностите денес одржа пристапно предавање на тема „До научни сознанија со машинско учење“.

За научниот придонес на проф. д-р Сашо Џероски зборуваше академик Љупчо Коцарев, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top