Градски пазар воведува нови дејности во работењето

Со тоа ќе се зголеми буџетот на претпријатието, а и ќе се ангажираат некои од вработените кои моментално имаат помал обем на работа. Доколку има потреба ќе има и нови вработувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
пазар

пазарЈавното претпријатие „Градски пазар“ ја проширува својата дејност. Од денес ќе се занимава со правење и одржување тезги, дрводелски работи, одржување на покривни конструкции, а планирано е да отворат и градска авто перална каде ќе одржува хигиената на автомобиилите со кои располага локалната самоуправа и јавните претпријатија, но и автомобилите на граѓаните на Охрид.

„Со овие нови дејности ќе се зголеми буџетот на претпријатието, а и ќе се ангажираат некои од вработените кои моментално имаат помал обем на работа“, вели Тони Коталески, директорот на ЈП Градски пазар.

Коталески објаснува дека имааат стручен кадар за обавување на  новите дејности, а за онаму каде ќе има потреба ќе се врши дообука на вработените.

пазар„Засега располагаме со доволен број на работници кои можеме да ги ангажираме веднаш, но доколку се јави потреба ќе вработиме и нови лица“, објаснува Коталески.

Ова јавно претпријатие и пред една година ја прошири својата дејност кога беше отворен авто пазарот. Но оваа иницијатива не се покажа како најуспешна. Авто пазарот како што кажа директорот, не остварува приходи, но задоволни се што немаат ниту расходи. Останува да видиме каков ќе биде бенефитот за претпријатието од новите дејности со кои тоа ќе се занимава во иднина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top