Плата, утре!

Вработените во ЈП Охридски Комуналец, најверојатно јануарската плата ќе ја земат утре.

 |  Татјана Маленкова  | 
Boro Pavloski
Боро Павлоски

Така вели ВД директорот Боро Павлоски. “Пари имаме, но чекаме судско решение за зголемување на средствата потребни за поминување на платата во банка. Правиме се проблемот да се надмине, а вработените да си го добијат одработениот надоместок“, вели Павловски.

Вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ и денес останаа со празно кесе. Јануарската плата ќе им биде префрлена утре, но само ако раководството го добие судското решение, за проширување на сегашната рамка од 2 милиони денари, кои не се доволни за поминување на платата, објаснува првиот човек на Комуналец. И додава
“Проблемот започнува од 10-ти февруари,  кога сервисирањето на старите долгови започна да се врши на друг начин. Од тој датум, задолжени сме со судско решение да работиме со дозволена рамка за средствa, кои се неопходни за нормално функкционирање, а останатите пари од нашата жито сметка да бидат искористени за подмирување на стари долгови“

kontejnerКога на 27 февруари, минатиот петок, се доби решението со дозволена рамка од 5 милиони денари, ние веднаш обезбедивме сопствени 4 милиони средства, а за кратко  време мораше да се обезбедат уште милион и 200 илјади денари, вели Павловски. За таа цел, Локалната самоуправа од Охрид им излегла во пресрет и им ги префрлила бараните средства.   

Поради, како што вели Павловски, временскиот теснец, во петокот е пропуштен последниот работен ден од февруари за поминување на платата и искористување на поволната финансиска рамка.

За месец март, судот му ја намалува рамката на  Комуналец на 2 милиони денари. Оваа сума е премела за нормалното функционирање на ЈП, како и за пресметката за плата. Сега директорот спасот го гледа во новото судско решение, со кое очекува зголемување на финансиската рамка.

Се поставува прашањето дали менаџерскиот тим на Комуналец не можеше да изнајде начин да ја избегне ваквата непријатна ситуација. Најоштетени се секако вработените, кои своите плати сеуште ги чекаат.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top