ОХРИДСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ПРЕЗЕНТИРАНА ВО СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

Туристичката понуда и традиционалните вредности на Охрид беа презентирани на саемската манифестација за  традиционална култура и туризам што од 7-ми до 9 –ти ноември се одржа во Нојкиршен, Сојузна Република Германија.

 |  Голабовски Крсте  | 
саем

саемПрезентацијата на Охрид како туристичка дестинација со широка палета на туристички производи предизвика голем интерес кај посетителите на манифестацијата, при што најголем број од прашањата беа во насока на можноста да се користат директни авионски линии за Охрид. Во склоп на активностите се разговарало и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен, меѓутоа и со градот партнер на оваа манифестација Устрон, од Република Полска. Регионот на градовите Нојкиршен-Флин, Морс, Есен, Оберхаузен, Крефелд, Диселдорф, Фенло, географски се наоѓа во близина на холандско -германската граница, при што на посетителите им беа презентирани можностите да ги користат туристичките пакети кои се нудат во Холандија и чартер летовите од Амстердам. Оваа регионална, саемско – изложбена манифестација, претставува извонредна можност за целосна промоција  на Охрид како туристичка дестинација,  во која, меѓу другото, има  традиционални занаети и надалеку познати национални специјалитети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top