Како до парите од европските фондови

Како да се искористат  парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ervan Fuere
Ерван Фуере

Како да се искористат  парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија.

На денешната  заедничка средба на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија, се  разменаа  искуства  како да се искористат средства од европските фондови. На средбата покрај македонски преставници од локалните самоуправи, министерот за локална самоуправа , шефот на на мисијата на ЕУ Ервен Фуере , учествуваа и преставници на локалните самоуправи од Грција, Данска и Германија.  

Акцент на денешниот втор состанок  беше ставен како Македонските општини  со програми и заедничка соработка да ги искористат  ИПА фондовите рече ресенскиот градоначалник,  Димитар Бузлески.

OhridМинистерот за локална самоуправа Муса Џафери даде подршка на Комитетот и укажа на потребата од зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во регионот и создавање на солидарност помеѓу општините.  

Членот  на заедничкиот консултативен комитет на регинот  на ЕУ , Бодкер Андерсен истакна дека го подржуваат членството на Македонија во ЕУ , но потенцира дека Комитетот не се занимава со оваа прашање.

Комитетот на региони на ЕУ  е тело кое во кое членуваат преставници од локалните власти на земјите членки на Унијата. Заедничкиот  консултативен комитет, пак е тело преку кое локалните власти во Р.Македонија како земја кандидат ја оставруваат соработката со Комитетот на региони на ЕУ.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top