• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога беше пукано во нивни колега

Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога беше пукано во нивни колега

По вчерашниот немил настан во кој на  државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, денес се огласи и  Здружението на лекари од Охрид. Од таму најостро го осудуваат ваквиот вандалски чин и бараат под итно да се донесе закон за заштита на дигнитетот, угледот и психофизичкиот интегритет на докторите и медицинскиот персонал.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога на  државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, кој со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот доктор. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија.

Ваквиот настан ја потресе целокупната македонска јавност и со овој чин и како земја и како народ треба да се срамиме. Однесувањето на дел од пациентите кое многупати е арогантно, дрско и брутално длабоко не навредува, вели Д-р Лилјана Котлар-претседател на здружение на лекари- Охрид.lekari

Охридското здружение на лекари бара од надлежните институции, лекарската комора на РМ, македонското лекарско друштво и Министерството за здравство под итно да донесат закон за заштита на дигнитетот, угледот и психофизичкиот интегритет на докторите и медицинскиот персонал.

Ние на сопствените работни места во својата држава се чуствуваме несигурни, исплашени и понижени. Вакви повреди на угледот и честа на докторите не се познати во ниту еден период  од нашето минато, вели Д-р Котлар.

Лекарите велат дека тие и понатаму ќе ги почитуваат моралните, етичките и хуманите вредности  на оваа професија и покрај сите негативности на кои секојдневно се изложени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top