Каде ќе зимуваат охриѓани

Граѓаните веќе интензивно размислуваат каде ќе го поминат својот зимски одмор. Поголем дел веќе ги имаат уплатено своите аранжмани, а за тоа добиле специјален попуст од агенцијата. И за Нова година е се поизвесно кој каде ќе патува.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани ги менуваат своите навики па се почесто својот одмор го планираат неколку месеци однапред. Уште од септември почнуваат да размислуваат каде ќе одат на зимување. Туристичките агенции ги пратат новите трендови и веднаш по завршувањето на летната сезона прават аранжмани за зимската. Сите оние кои ќе уплатат неколку месеци однапред добиваат многу поволности, вели Елида Битрак од ТА „Елида турс“.

Уште во месец октомври ние извадивме програми во кои  ги наведовме предностите во поглед на раното букирање така што доколку граѓаните уплатија во месец октомври добија попуст од 20 па и повеќе проценти или пак наместо за седум ноќи плаќаат за шест што е една поволност за буџетот на оние кои сакаат да патуваат, објаснува Битрак.

И оваа зима најатрактивни дестинации се Боровец и Банско, но има интерес и за Копаоник, за некои зимувалишта во Австрија и Италија, кажува Битрак. Цената на аранжманите  се движи од 500 евра па нагоре и тоа за четиричлено семејство. Во последно време се повеќе клиентите се одлучуваат и за пократки патувања, додава Битрак. Се побарани и поатрактивни се викенд дестинациите како што се Солун, Метеори, Пирин голф во Бугарија, Сандански.

Во зависност од барањата на нашите клиенти  ние ги подготвуваме програмите.  Имаме широка палета на понуди посебно за викенд во есенските денови. Нашите граѓани засега се најзаинтересирани за патување во Сандански каде се нудат идеални услови за рекреација и одмор, како и услови за здравствен туризам, вели Битрак.

Цената на ваквите аранжмани е 28 евра во што е вклучено ноќевање и појадок и 32 евра во хотел Пирин голф, полупансион.

Граѓаните веќе планираат каде ќе отпатуваат за новогодишните празници. Најбарани дестинации се Прага, Виена, Рим, Атина, Белград, а во поатрактивните се Париз и Амстердам, Милано и Јордан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top