Женскиот лајонс клуб Деница денес го разубави дворот на охридската гимназија Св.Климент Охридски. Тие велат дека ова е една симболична акција како да се поттикнат младите на размислување не само за естетиката туку и за значајната функција на белите рози кои го филтрираат загадениот воздух.
Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата функција на филтер на загадениот воздух.
“Оваа симболична акција по трета година ја спроведува женскиот лајонс клуб Деница. Донираме садници на бели рози. Симболиката се состои што сакаме покрај убавината на белите рози сакаме да ја истакнеме и нивната значајна функција што може да ги апсорбираат издувните гасови, а бидејќи ова е место каде што е доста фреквентно со автомобили, и сообраќајот е подинамичен. Оваа средина кај младите ни е доста значајно да биде филтрирана и исто така да ги поттикнеме сите, посебно младите на едни вакви акции на оплеменување на просторот, на средината во која живееме, да дадеме сите нешто од нас и да учествуваме во разубавувањето на градот покрај функцијава што ја имаат белите рози.”-вели д-р Лидија Тилевска, претседателка на ЛК Деница.
Денешната акција е само едно убаво надополнување на нивната веќе воспоставена традиција на садење на бели рози во паркот наспроти хотелот Гарден каде наскоро тие повторно ќе посадат вакво цвеќе. Инаку дениците овој проект го започнаа со цел Охрид да стане препознатлив како град на белите рози, но и месецот ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, градот со модерни луѓе кои се грижат за еколошката димензија и за општиот амбиент.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град