ВМРО ДПМНЕ со своите коалициони партнери, изборната кампања ја започнаа од плоштадот од Охрид.
Околу 25 до 30 илјади охриѓани и гости, вечерва ги слушнаа програмите и плановите на кандидатите за градоначалник на Охрид и претседател на Р.Македонија. Пред присутните се обратија Кенан Хасипи-претставник на Демократската партија на Турците, Амди Бајрам- претставник на Сојузот на ромите, Иван Стоиљковиќ-претставник на демократската партија на Србите на Македонија, Лилјана Поповска-претставник на ДОМ, Љубисав Иванов Ѕинго-претставник на Социјалистичката партија. Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов Нанче во своето излагање пред присутните се осврна на неговите заложби и планови за „Туристички и Европски Охрид“.
„ВМРО ДПМНЕ покажа дека не води дискримининаторска политика. Тимот советници и градоначалник ќе обезбеди иднина за Охрид. Децата заслужуваат иднина“, рече Нанче во дел од својот говор, и додаде „Локалната самоуправа дава предлози и подршка на она што го прави владата. Европа ќе ја направиме овде, а потоа ќе бараме влез во Европа“.
„Премиерот покажа дека е визионер, а јас како иден градоначалник ќе го следам и ќе докажам дека се е остварливо. Мора да му помогнеме на Груевски да направиме здрав тим и во Локалната самоуправа“, рече Нанче пред присутните.
Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов на почетокот од својот говор рече: „Денес е чист понеделник, не учеа на чист понеделник да бидеме чисти, затоа што не очекува големиот ден, ден на победа.Ги делеле нашите предци, сакаат да не делат и нас, ние велиме НЕ, затоа што сме Македонци, со јасен став околу идентитетот. Доколку сум избран за претседател ќе направам се да се организира средба со претседателот на Грција. Мораме да докажеме дека со секого можеме да градиме мостови“.
Завршниот дел од митингот беше резервиран за премиерот на Р.Македонија и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
„Од ова место, од Охрид, ВМРО ДПМНЕ ги започнува своите победи. Охрид не е град каде може да се направи грешка; Охрид е град што им припаѓа на Охриѓани, на Европа, на светот, на Унеско и не смее да си дозволи градоначалник кој не ги исполнува своите ветувања“-рече Груевски на почетокот на своето обраќање. „На Охрид му треба човек со конкретна програма, која ќе ја сонува секоја вечер се додека не ја исполни; на Охрид му треба човек кој ќе соработува со владата, со донатори и ќе се зафати да му служи на својот град, да направи дела со кои ќе стане историја на Охрид“ – беа зборовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, проследени со овации и аплауз од присутните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град