Ќе се избира најстар жител / жителка и брачен пар во охрид и Дебрца

Општинскиот Црвен крст објави конкурс за избор на најстар жител / жителка и брачен пар со најмногу години во брак во општините Охрид и Дебарца.

 |  Голабовски Крсте  | 
stari lica

babaОпштинскиот Црвен крст објави конкурс за избор на најстар жител / жителка и брачен пар со најмногу години во брак во општините Охрид и Дебарца.

На конкурсот можат да се пријават и да учествуваат жители во општината Охрид и Дебарца. Секој учесник на конкурсот потребно е да ја докаже својата старост или годините поминати во брак со соодветен документ за идентификација (лична карта / пасош / извод на родени / извод на венчани и сл.)

Пријавите со личните податоци, адреса на живеење и фотокопија од соодветниот документ за докажување на староста / годините во брак, треба да се испратат или донесат во Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 52, 6000 Охрид, со назнака „За конкурс за стари лица“ или на е-маил ohrid@redcross.org.mk. Конкурсот е отворен и трае до 15.11.2015 година.

babaЗа најстариот жител/жителка на Охрид или Дебарца и брачниот пар со најмногу години во брак, предвидени се пријатни изненадувања и подароци кои ќе бидат доделени од страна на младите активисти на Црвен крст Охрид на пригодна свеченост на која ќе се дружат повеќе генерации, организирана од Црвен крст Охрид во текот на Неделата на грижа за стари лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top