Израелците повторно се враќаат во Охрид

Израелците повторно се враќаат во Охрид. Од Локалната најавуваат дека наредното лето ќе се воспостават неколку чартер летови со кои ќе пристигнат туристите од Израел. Израелските оператори и туристичките работници покажале голем интерес за Охрид како туристичка дестинација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид се попривлечен за израелските гости. Природните убавини, културното наследство на градот според кое е познат како балкански Ерусалим, храната и поволните цени е она што ги поттикнува овие туристи да го одберат нашиов град како дестинација која сакаат да ја посетат.

Веќе се започнати првичните анализи каков профил на гости се  израелските туристи  и врз основа на тоа ќе се планираат и понатамошните активности земајќи во предвид дека наредната година ќе имаме и чартер летови од Израел, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.

При неодамнешната посета на Израел преставниците на Локалната започнале преговори за организирање туристичка промоција на Охрид во Израел и оствариле голем број контакти со врвни стручњаци од областа на туризмот.

Она што нас посебно не радува е огромниот интерес кој е покажан од страна на израелските оператори и туристичките работници за Охрид како туристичка дестинација што за нас е мотив повеќе да се заложиме за продлабочување на кнтактите со израелските туроператори, вели Апостолов.

Инаку пред неколку години во Охрид со неколку чартер летови пристигнаа гости од Израел, но во претходните две сезони ги немаше на охридската ривиера. Се очекува наредново лето да ги има и тоа во уште поголем број.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top