По Нова Година, Охрид ќе има модерно и економично осветлување

Процесот на замена на обичните улични светилки со новите, лед светилки веќе е при крај во селските средини.

 |  Мишел Наумоски  | 
led svetilki

Проблемите со јавното осветлување ќе бидат целосно надминати по Нова Година-најавуваат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Од таму информираат дека веќе е започнат процесот на промена на обичните сијалици од уличното осветлување со новите, лед, економични светилки. Во првата фаза од процесот на промена на уличните светилки предвидено е да се опфатат местата како Сирула, Оровник, Вапила, Ливоишта, Куратица, Рамне, Велестово и Рача. Во моментот се работи на поголемите населени места, Лескоец и Велгошти.

led svetilki„Отпочната е таа акција за менување на старите натриумови и живини светилки со нови лед диоди, заменети се светилките во сите села со исклучок на поголемите Лескоец и Велгошти, а по замената на електричните светилки во селските средини, почнуваме со истата таа активност во градот. Динамичкиот план ветува дека до Нова Година ќе бидат заменети сите светла.“-вели Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.

И на неколку улици во градов веќе се забележуваат новите светилки. Во многу наврати кога беше најавувано модернизирањето на уличното осветлување, од локалната самоуправа беше укажувано дека станува збор за лед сијалици кои се ефисни и економични, но и со поинтензивно светло. Дека тоа е така ќе контролира приватна фирма која е ангажирана согласно договорот со чешкиот партнер.

modernizacija javno osvetluvanje„Во рамките на договорот со чешкиот приватен оператор, една од клаузулите е да се најде приватна фирма, која што ќе извршува мерења, приватна независна фирма од областа на електрониката која што ќе извршува мерење на ефикасноста и потрошувачката и интензитетот на ново поставеното светло, досегашните мерења на терен на таа фирма која што е во тесна корелација со нас покажаа дека заштедата на електрична енергија на новите во однос на старите светилки е до пет пати поголема.“-рече Танески.

Инаку во рамки на процесот на замена на уличното осветлување, предвидено е да бидат заменети околу 8000 илјади постоечки светилки, но дополнително да бидат поставени и околу 1000 нови светилки низ охридските улици. Приватниот партнер во рамки на јавното приватно партнерство е должен да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување, а уличното осветлување ќе го добие на користење на 15 години. По завршување на договорот, целиот систем ќе го користи општина Охрид. А за време на договорот општина Охрид, ќе добива по 222.200 евра на годишно ниво од чешката фирма.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top