Охридското здравство се менува на подобро

Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.

 |  Голабовски Крсте  | 
болница

Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.

Според него, од 2006 година наваму, охридското здравство има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето медицинска опрема и во подобрувањето на здравствените услуги на пациентите.

болница– Во делот на дијагностиката на болести се набавија најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се комјутерски томограф, мамограф, 4 Д гинеколошки ултразвук, 4 Д кардиолошки улатрзвук, офтамолошки ласер, ендоскоп, лапараскоп, колоноскоп и слично.Во доменот на организацијата и подобрувањето на здравствените услуги се воведоа нови медицински методи и технологии во работењето со пациентите како што се системот Мој термин, сето тоа регулирано правно, во интегриран информатички здравствен систем, едукација и доедукација на здравствените работници и соработници, на кои им се овозможи проширување на нивните знаења, кај нас и во светот и воведување на нови методи во лекувањето на пациентите, вели директорот на Општата болница во Охрид.

За подобрување на здравствените услуги., како што појаснува д-р Арнаудов, Министерството за здравство овозможи вработувања на стручен медицински персонал и тоа 23 доктори, десет здравствени соработници, 27 сестри и 80 лица како помошен персонал.

– Сите овие вложувања во здравството и сите овие здравствени политики имаат за цел, да им се олесни лекувањето, да се скратат патувањата до другите здравствени организации и да се скратат дополнителните материјални трошоци на пациентите, а на лекарите им се возможи побезбедно практикување во давањето на здравствените услуги, во осовременувањето на медицинската практика, базирана на медицински патеки и протоколи, додава Арнаудов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top