Агенција за млади и спорт ќе плати 297.714.000 денари со вклучен ДДВ на градежната фирма „Бауер БГ“ за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид.
Агенција за млади и спорт ќе плати 297.714.000 денари со вклучен ДДВ на градежната фирма „Бауер БГ“ за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид.
По распишаниот тендер, двете страни склучиле договор на 29.09.2015 година, покажуваат податоците објавени преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.
На тендерот највисоката добиена понуда изнесувала 858.361.718 денари, а најниската добиена понуда била 283.613.126 денари. Проценета вредност на договорот или рамковната спогодба била 254.237.288 денари.
Според најавите од локалната власт, наскоро се очекува да биде поставен и камен-темелникот на овој објект.
Изградбата на затворен базен во Охрид, градот од каде во минатото излегувале најголемите пливачки асови е предизборно ветување кое со години го најавуваат сите политички опции кои претендираат да ја земат власта во свои раце.
извор:Е-магазин/ОхридПрес
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град