Средношколците со барање до Петрески

Гимназијаците  побараа од  градоначалникот да се среди  спортскиот терен позади училишната зграда.

 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Гимназијаците побараа од градоначалникот да се среди спортскиот терен позади училишната зграда.

Членовите на младинската органзиција при гимназијата Св. КлиментОхридски се сретнаа со градоначалникот Александар Петрески.

Наум Митрески, претседател  на младинската органзиција при  Св. Климент  Охридски, од името на средношколците на оваа образовна установа побара подршка во реализиција на проектот „Младите и спортот“. Тоа значи асфалтирање на  спортскиот терен позади училишната зграда, поставување на ограда и сооддветни реквизити на теренот, кажа Митрески.

sredbaГрадоначалникот на средношколците им порача дека го  прифаќа нивниот предлог и вети дека просторот ќе биде среден, затоа што не е прифатливо  да се вежба  час по фискултура пред влезот на гиманзијата, истакна Петрески. На средбата градначалникот им соопшти  дека локалната самоуправа во својот буџет има планирано реконструкција  и обнова со  спортски реквизити  на четири училишни  спортски сали.

Средношколците го запознаа градоначалникот и со досега  реализираните проекти. Поставувањето  на клупите во школскиот двор и приспособувањето на музичкиот разглас  со средства кои успеале да ги изменаџираат самостојно.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top