Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим.
Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим.
На конференцијата градоначалникот Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, г-динот Џек Росен. Попладнето Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа и на говорот што во таа пригода го одржа градоначалникот на Њујорк .
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Бакрачески во Тел Авив оствари работна средба во двете водечки израелски компании во ИТ секторот Нес и Гет (“Ness” ” Gett”) , менаџерите Мајкл Зиндерман и Макс Красник. Работниот ден беше завршен со посета на најголемата компанија за менаџмент на отпадни води Штанг (“Shtang”) , којашто е од посебен интерес за Охрид и Охридското Езеро во поглед на заштита на водите и санација на колекторскиот систем.
Посетата на Израел продолжува денес во градовите Јокнем и Хаифа каде Бакрачески ќе оствари средби со градоначалниците на овие два градови и ќе посети неколку ИТ компании како и водечката светска компанија за дијагноза и третман на срцеви аритмии Биосенс Вебстер (“Biosense Webster”).
Утре во рамки на конференцијата Бакрачески ќе се сретне со израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град