Министерите за одбрана на Македонија и Албанија неформално се сретнаа во Охрид.
Средбата беше добра можност делегациите на двете држави да разменат мислења за актуелните случувања во регионот.Коњановски и Окета денеска потпишаа билатерален План за соработка.
На средбата присуствуваа и високи воени делегации на двете држави, предводени од началниците на генералштабовите на армиите, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски и неговиот албански колега, бригадниот генерал Максим Малај. Денешната неформална средба на двата министри е продолжување на средбата од Драч пред два месеци.
Коњановски и Окета средбата ја искористија за да разменат мислења за актуелните случувања во регионот, како и за најразлични теми од взаемен интерес.
Во врска со зачленувањето на Македонија кон НАТО, Коњановски рече:
„Се надевем дека брзо ќе се реши спорот со Грција, околу нашето уставно име и многу брзо ќе се приклучиме кон НАТО алијансата, а „наша желба е пат кон НАТО“, истакна министерот за одбрана.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град