Охрид ќе добие поголем Центар за лица со интелектуална попреченост

Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите  на центарот.

 |  Голабовски Крсте  | 
zraci

Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите  на центарот.

zraciПрифатена предлог одлуката  Охрид  да добие поголеми простории за функционирање  на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Во рамките на тој центар ќе бидат згрижени и лицата со  аутизам. Просториите ќе бидат сместени во ОУ Братство Единство на 210 метри квадратни.  Владата во јуни оваа година  за следната година како приоритет го стави отварањето на центарот за лиаца со попреченост, истакна  Димитар  Спасески секретар на Локалната самоуправа.

„Во министерството е во тек тендер постапката за набавка на  технички средства  а кај нас е во завршна фаза  избор на фирма за да ги среди просторните услови како наша обврска. Многу брзо ќе завршат процедуралните активности“, информира Димитар Спасески секретар на Локалната самоуправа.

Во однос на вработување на стручен кадар за центарот Спасески  со оптимистички одговор. Ресорното министерство за 2015 нема планирани средства за нови вработувања, но се надева дека сепак ќе се  најде компромисно решение.

„Вработувањата се предмет на договор со ресорното министерство. Со новиот закон за административни службеници се јавени пречки за вработување во 2015. Дополнително терба да се потпише методологија за вработување во јавен и државан сектор и во моментов нема вработувања“, подвлече Спасеки.

Во моментов во ОУ Братство Единство  со помош на Локалната  самоуправа функционира дневниот центар Зраци каде  две стручни лица се ангажирани   да се  грижат за лицата со интелектуални  потреби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top