Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“.
Телото било забележано од случаен минувач во возило Форд паркирано во автокампот „Андон Дуков“. Минувачот го забележал безживотното тело во автомобилот по што веднаш ја алармирал охридската полиција.
Полицијата веднаш пристапила на местото заедно со јавен обвинител и го започнала увидот на местото на настанот.
Неофицијално се работи за машко лице на 45 годишна возраст и дека во неговиот автомобил е забележан и еден куршум.
По налог на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото.
Порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски во изјава за Охриднет рече дека врз безживотното машко тело нема траги на насилство.
Тој додаде дека увидот извршен од страна на јавен обвинител и полициска екипа, недвосмислено покажал дека врз безживотното тело немало елементи на насилен чин.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град