Охридските таксисти во текот на месеците октомври и ноември ќе можат да полагаат испит за авто такси возачи.
Охридските таксисти во текот на месеците октомври и ноември ќе можат да полагаат испит за авто такси возачи.
За таа цел Охридската локална самоуправа објави Јавен повик за пријавување на кандидати за полагање на овој испит, заедно со термините за одржување на полагањата.
-Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на општина Охрид. Трошоците за обуката и за издавањето на сертификатот за авто такси возач ќе бидат на товар на пријавените кандидати, стои во повикот.
Испитите за полагање за авто-такси возач ќе се одржуваат на 14-ти и 21-ви октомври и на 11-ти и 25-ти ноември. Сите наведени датуми за полагање се во ден среда, а времето за полагање на испитот ќе биде 17 часот. Според најавите, испитот ќе се одржува во големата сала на општина Охрид.
Рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи е најдоцна два дена пред закажаниот термин на одржување на испит. Повеќе информации за испитите може да се добијат на веб страницата на општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град