До информативната редакција на ТВМ ТелевизијА стигна соопштение од Советот на месната заедница Радожда јавно во кое стои дека оттаму јавно бараат од МВР поголемо присуство на полицијата поради се почестите случаи на криминал кои се случуваат во селото во изминатиот период.
До информативната редакција на ТВМ ТелевизијА стигна соопштение од Советот на месната заедница Радожда јавно во кое стои дека оттаму јавно бараат од МВР поголемо присуство на полицијата поради се почестите случаи на криминал кои се случуваат во селото во изминатиот период.
„Селото кое е познато по туризмот почнува да станува познато по криминал.Селото кое е на самата граница со Албанија криминалците го користат за шверц и меѓуграничен криминал. Црквите се на постојана мета на крадците, остануват празни без икони, иконостаси кои се од непроценета вредност и се дел од културно- историското наследство. При последната кражба пред три дена црквата Св. Илија беше оштетена и украдени беа вредни работи. Мета на крадците во изминатиот период беа и неколку викендици и просториите на ФК Морнар од каде беше украдена опремата на фудбалерите, стои во соопштението од месната заедница на Радожда.
Оттаму со апел и до министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство и до ЈП Македонски шуми да се преземат мерки за стопирање на неколкумесечниот масакр на шумите во околината на Радожда.
„Да се преземат соодветни мерки за стопирање на нелегалнтите сечи на дрва при што се пустоши шумата, се врши неконтролирано сечење на шумата за комерцијални цели, поради што претат опасности од поплави. Месното население живее во страв и паника и поради тоа што во вечерните часови има постојано присуство на непознати и сомнителни луѓе и возила, велат од МЗ Радожда.
Бараат од надлежните институции во најскоро време да ги решат наведените проблеми, во спротивно велат дека е можно револтот кај населението кој расте, да ескалира со протести и други начини на изразување на незадоволство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град