Во Охрид ќе бидат прикажани осум филмови од различни жанрови од германска продукција

Охриѓани ќе може да уживаат во најновите германски филмови. Во текот на четири дена ќе бидат  прикажани осум филмови од различни жанрови. Ревијата ќе започне во сабота со еден од најнаградуваните филмови, трилерот „Роден во болка“. 

 |  Валентина Неловска  | 

Комедија, дрaма, трилери и детски филмови ќе бидат  прикажани на фестивалот на новиот германски филм. Фестивалот свечено ќе биде отворен на 10-ти октомври во сабота, со криминалистичкиот филм „Роден во болка“. Втора година по ред  се одржува ревијата на германскиот филм, информира Драгана Боцевска , директорката на ЦК Глигор Прличев, и очекува интерес како и минатата година.

„ Голема посетеност и прием наиде ревијата посебно кај младите, учениците и професорите. И годинава очекуваме голема соработка со учлиштата“ , кажаув Боцевска.

Ревијата на нови германски филмови  е резултат  на соработката помеѓу германската амбасада во Македонија и Локалната самоуправа напоменува Боцевска. Охриѓани кои се љубители на филмот ќе имаат можност да ги погледнат германските филмови од продукцијата од 2014 и 2015 година.

„ На наше барање бидејќи инсистиравме да иамме повеќе дестки филмови годианва се застапени два филма, едниот е комедија и се семјни филмови. На репертоар има филмову за широката публика, напоменува Боцевска.
Во рамките на фестивалот ќе може да се проследат покрај , најнагардуваниот филм, трилерот „Роден во болка“ и филмовите: „Феникс “, драма ,  Хакери, трилер ,  „Моите сестри“, „Вљубените сестри“, комедијата „ 300 збора германски“  и два детски филма „Лола на грашокот“ и  „Спасете го Рафи“. Влезот за посетителите е слободен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top