Од денес на сила новиот закон за безбедност во сообраќајот

Со над 50 км во населено место се останува без возачка дозвола

 |  инфодеск  | 

Од денеска стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот според кој низ населено место не смее да се вози над 50 километри на час.

Најниската казна е 20 евра, или 10 негативни поени, во случаите кога се вози со брзина поголема за десет километри на час од дозволеното. Точно 45 евра или 25 негативни поени, пак, ќе се казнуваат оние што возат со брзина до 30 километри на час повеќе од дозволената, односно ако возат од 60 до 80 во населено место, или од 140 до 160 на автопат. 

Досегашните 300 евра казна важеа во случаите кога возачите ќе ги надминат ограничувањата за повеќе од 30 километри на час. Ако возачите изберат негативни поени наместо парична казна, тие изнесуваат 50. Според законот, покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување моторно возило од 3 до 12 месеци. 

Ако возите 50 километри на час повеќе од дозволеното, ќе може да бирате: или казна од 400 евра или 65 негативни бодови, но ќе останете и без возачка дозвола од 6 до 12 месеци.
До 12 часа во полиција ќе има опција да се задржи возачот поради пијанство, ако нема кој друг да вози, а автомобилот ќе биде отсранет, на сметка на возачот.

Велосипедистите се должни да имаат бело светло од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна. Носењето кацига или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и казниво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top