Охридскиот Црвен Крст во акција

Со пешачење до Велестово ќе се одбележи  неделата за борба против срцево-садовите заболувања.

 |  Валентина Нелоска  | 
vezba
вежба

Срцево-садовите заболувања во Макединија, како и во светот се водечка причина за смртност, но и за намалување на квалитот на животот. За да се намалат ризик факторите за овие заболувања лекарите препорачуваат правилен начин и стил на живеење кој треба да започне од најмала возараст предупредува д-р Марија Зимбова, од охридскиот  Завод за кардиологија. Лекарите во здравите навики ги препорачуваат правилната исхрана, непушењето, контрола на крвниот притисок и дијабетесот како и  редовната физичка активност. Во таа конотација, општинската организација на Црвен крст ќе ја  одбележи  неделата за борба против срцево-садовите заболувања со пешачење до Велество истакнува Анета Јованоска, волонтер на ОО на Црвен Крст.

promocija Поканети се сите гражани на возраст од 7 до 77 години, а тргнувањето е утре во 10 часот од пред СРЦ Билјанини извори.Неделата за борба против срцево-садовите заболувања  започна на  21 февруари и  ќе трае до крајот на овој месец и се одвива  под мотото „Вашето срце во ваши раце“.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top