Засрамени се како што велат од лошата еколошка глетка на Струга.
На сите страни расфрлани отпадоци, искршени корпи загадена животна средина. Вака изгледа Струга денес за разлика од некогаш. За оваа состојба во која се наоѓа градот допринесуваме сите, велат стручните лица. За жал многу малку екологијата е застапена во образовниот систем, вели професорот по екологија, тоа пред се е и причина зошто младите речиси и да не се грижат за животната средина. Ако продолжиме вака, не одиме далеку, смета професорот Јаулески.
„Имавме пример каде поради нечист град француски тур оператор го одложи достувањето на французи токму поради тоа што градот не бил чист“-вели професорот по билогоија Нестор Јаулески.
Факт е дека за почист град повеќе може да се повилијае преку проекти од странски донации од колку да чекаме да инвестираат надлежните, вели екологот Мате Гогоски. Според него, токму во нив лежи вината за нечистотијата во градот.
„Проблемот лежи кај локалната самоуправа и комуналното претпријатие кои многу малку водат грижа за хигиената во градот“-потенција Гогоски.
За да се смени состојбата во Струга, и да имаме почист град, се заангажираа младите. Организираа трибина на тема „Чиста Струга“.
Стручните лица велат дека ангажирањето на младите а екологијата во Струга е добар знак. Сметаат дека вакви или сличи трибини ите како се неопходни. Преку нив и со организирање на почести акции за чистење на градот, може да се промени сегашниот изглед на Струга. Младите пак ветија дека овде не застануваат со нивните активности. Ќе се потрудат да го сменат изгледот на нечиста Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град